Саша Димитријевиќ / Фото: Сител / скриншот

Димитријевиќ: Скандалозно е премиерот да признава дека му сугерира на обвинителот како да постапува

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, упати жестоки критики кон извршната власт за време на вечерашното гостување на „Сител“. Тој го оцени како „крајно скандалозно“ однесувањето на премиерот Христијан Мицкоски, за кого рече дека „јавном на телевизија, признал дека телефонски комуницира со јавниот обвинител, се интересира за тековни истраги и директно се меша во работата на правосудните органи“.

Димитријевиќ вели дека обвинителството и судството според Уставот мора да бидат целосно независни од политичките центри на моќ. Според него, недозволиво е високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои портпаролката Марија Митева и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како што рече, „во јавноста оркестрирано да се обидуваат да го оправдаат ваквото однесување и да ја претстават ваквата противзаконска комуникација како нормална пракса во една демократска држава“.

Пропадна предметот со Капушевски и Јахоски за мазутот — „не се утврдени злоупотреби“, вели Обвинителството

„Скандалозно е премиер на една држава со јасно поделена власт да излегува на медиуми и да раскажува како го прашува обвинителот до каде е истрагата, а уште поскандалозно е што и самиот обвинител го потврдува тоа. Сега гледаме една цела плејада функционери кои нè убедуваат дека е нормално премиерот да се интересира за детали од истрагите и да сугерира како тие да се одвиваат. Со самиот избор на овој јавен обвинител, кој беше предлог на Мицкоски… изразивме сериозни сомнежи за партизација, а ова што се случува денес е само директна потврда за тоа“, рече Димитријевиќ.

Тој велид дека во изминатиот период се наталожиле голем број скандали на актуелната власт кои воопшто немаат институционална завршница, додека премиерот во повеќе наврати го користи своето политичко влијание. Како пример, Димитријевиќ наведе дека Мицкоски и од собраниската говорница отворено му кажуваше на обвинителот што треба да прави, споделуваше лични предвидувања за судски пресуди и јавно се заканувал кон претставниците на опозицијата.

Актуелни претставници на ЕСМ дале искази кои биле клучни за да се затвори предметот со мазутот, вели обвинителката Коларовиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот