Димитријевиќ се загреа со „десетка“ за мечот со Реал Мадрид

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ би можел да игра во Русија/Фото: facebook.com/valenciabasket

Денеска во рамките од 15 коло во најсилното првенство на Шпанија составот на Валенсија славеше на гостувањето кај Тенерифе со 78:80.

Во четвртата победа во низа придонесе македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ кој за 24 и пол минути игра на паркетот запиша 10 поени и четири асистенции.

Кај неговите соиграчи најефикасен беше Риверо со 20 поени (шест скокови), а на спротивната страна Уертас имаше 22 поени (пет асистенции).

Валенсија е на четвртата позиција во шампионатот со 22 бодови, 10 помалку зад водечкиот Реал Мадрид.

Во следното коло токму Реал и Валенсија ќе ги одмерат силите на 6 февруари во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот