Димитријевиќ залудно блескаше на теренот, пораз на Хувентуд (ВИДЕО)

twitter/Club Joventut Badalona

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар, овој пат во шпанската Ендеса лига, но неговиот тим Хувентус е поразен. Подобар од Хувентуд беше тимот на Фуенлабада кој славеше со 93:84.

Првата четвртина помина во израмнета игра и по 10. минути и двете екипи постигнаа по 23 поени, додека на одмор се замина без предност на ниту една од екипите (48:48).

Во второто полувреме, Фуенлабрада прва направи зададе удар и дојде до двоцифрена предност(72:62), а Хувентус се врати во игра во последната четвртина преку Димитриевиќ и неговите четири поени (76:70). Сепак, на победата се радуваа кошаркарите на Фуенлабада, а Димитриевиќ за 29 минути поминати на паркетот постигна 15 поени и имаше пет асистенции и четири скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот