Димитриевски во втор круг за нов мандат: Имам гласови колку сите шест кандидати заедно

Актуелниот градоначалник на Куманово од редовите на ЗНАМ, Максим Димитриевски во вториот изборен круг ќе се бори за нов мандат. Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, Димитриевски освоил 37,89 отсто од гласовите или 16.183 гласа, додека втор е независниот Горан Стојковски со 13,92 проценти од гласовите, односно 5.946 гласови.

Според досега објавените податоци, третопласиран во Куманово е Селвер Ајдини од ДУИ со 5.905 гласа, а зад него е кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски со 5.793 гласа. Пребројани во оваа општина засега се 98,80 проценти од гласовите.

Димитриевски синоќа изјави дека води убедливо во однос на сите останати шест кандидати, или за споредба, колку што имаат вкупно останатите шест кандидати толку тој како кандидат на ЗНАМ со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ има добиено гласови. Ако има втор круг, рече синоќа Димириевски, ЗНАМ ќе биде дефинитивно победник на претстојните избори на локално ниво, а граѓаните го препознаваат континуитетот и сакаат Куманово да продолжи да се развива во тој дух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот