Димитриевски во врвна форма, прв стрелец против Адемар Леон

Фото: @dg.audiovisuales/facebook.com/bmsinfin

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски имаше денеска нова одлична партија во дресот на Синфин во најсилното шпанско првенство.

Неговиот клуб славеше со резултат 31:29 против тимот на Адемар Леон, а најзаслужен за триумфот беше токму нашиот бек со седум погодоци.

Го следеше поранешниот член на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко кој петпати се запиша во листата на стрелците.

На табелата во „АСОБАЛ“ лигата Синфин е на 12 место со 18 бодови, а Адемар е на седмата позиција со 32.

Следниот ривал во шампионатот на Димитриевски ќе биде второпласираната во генералниот пласман, Бидасоа Ирун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот