Димитриеска – Кочоска: Скопје 2014 не создаде додадена вредност
Не е проблемот во тоа што буџетскиот дефицит во изминатиов период најчесто бил над 3 проценти од бруто домашниот производ, туку за што се користеле парите.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска вели дека не е проблемот во тоа што буџетскиот дефицит во изминатиов период најчесто бил над 3 проценти од бруто домашниот производ, туку за што се користеле парите.
Препорачано
– Лично мислам дека Скопје 2014 не создаде додадена вредност – рече министерката за финансии.
Таа потенцира и дека расположливите податоци не се ни блиску до рeаланост.
– Прашувам во Министерството за земјоделство колку пари треба да се исплатат по одредена мерка. Ми велат: Ние сме еден буџет во минус. Кога ќе имаме пари ќе исплатиме. Како е можно тоа? Обврската е направена кога е потпишан договорот за мерката. Исто се случува и во Министерството за социјална политика, кога има пари, тогаш ќе се правеле исплати. Ние имаме сериозен проблем со институциите. Тие треба сериозно да работат со Академијата за јавни финансии која ја формира претходниот министер, но која сериозно не профункционира – порача министерката на денешната дебата „Фискална дисциплина и ефикасност на фискалните правила во Северна Македонија: Патот кон одржливост“.


