Дик Ван Дајк - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Дик Ван Дајк го прослави 100-тиот роденден: „Ова е најголемиот ден во мојот живот – и најдолгиот“

На 13 декември, легендарниот актер Дик Ван Дајк го одбележа својот стоти роденден со семејна прослава, на која присуствувале и медиуми, а настап имал и музичарот Џон Батист. За време на прославата, Ван Дајк одржал говор полн со неговиот препознатлив хумор, пишува „Пипл“.

„Ова е најголемиот ден во мојот живот — и најдолгиот,“ се пошегувал тој, додека присутните се смееле и аплаудирале.

„Направив многу интервјуа по повод мојот роденден. Секој новинар прашува исто: ‘Како е да имаш 100 години?’ А јас велам: ‘Не е доволно,’“ продолжи тој на настанот организиран од Chris Isaacson Presents.

Говорот го заврши со зборовите: „Ви благодарам што дојдовте. Уживајте. Можам да видам само до одредена далечина и да слушнам ограничено, но внимавам колку што можам.“

Ван Дајк се забавувал и со музичката програма, истакнувајќи дека настапот на Батист „му го направил денот“.

Батист,  свирел неколку од омилените песни на Ван Дајк на пијано, вклучувајќи ги  „Put on a Happy Face“ од Бај бај Брди (Bye Bye Birdie) и „Chim Chim Cher-ee“ од Мери Попинс.

Извор за „Пипл“ претходно изјавил дека Ван Дајк планирал да го прослави роденденот и со гледање на документарниот филм „Dick Van Dyke 100th Celebration“, кој премиерно беше прикажан минатиот викенд. Филмот го прикажува животот и кариерата на Ван Дајк, вклучувајќи нераскажани приказни и ретки снимки од неговото актерско дело.

Неговата кариера трае повеќе од 70 години, а стана познат со бројни улоги во мјузикли и комедии. Роден како Ричард Вејн Ван Дајк на 13 декември 1925 година во Мисури, САД, тој пораснал во Данвил, Илиноис, а за својот животен пат пишувал и во својата автобиографија.

Тајната на неговата долговечност

И покрај своите години, Ван Дајк е многу витален и внимателен кон своето тело. Редовно вежба во теретана и е многу активен. Сепак, не секогаш било така. Во интервјуа открил дека имал нездрави навики – бил пушач, а на половина од животот сфатил колку лесно човек паѓа во зависности. Тој верува дека ја достигнал стотката бидејќи успеал да ја победи сопствената слабост.

Пред неколку дена изјавил дека престанал да пие и пуши. Во 1972 година се лечел од алкохолизам, а тогаш веднаш решил да ги остави и цигарите. Пред две години признал дека откажувањето од никотинот му било потешко отколку од алкохолот.

ФОТО+ВИДЕО | Дик Ван Дајк напиша книга: „100 правила за живот до 100 години“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот