Диего Коста пред суспезија, судијата ги запиша сите пцовки од фудбалерот

EPA-EFE/Alberto Estevez

Диего Коста повторно се соочува го голема суспензија од шпанската фудбалска федерација откако беше исклучен во дерби пресметката меѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Иако самиот фудбалер негираше дека упатил било какви вербални закани кон судијата Хезус Хил Манцано, во записникот кој го достави арбитарот беше точно напишано што му било кажано од страна на играчот на Атлетико Мадрид.
„ Во 28. минута, играчот со број 19 беше исклучен поради следната причина: На два пади ми се обрати со зборовите, Да и се пос***м на твојата е***на мајка“ напиша во официјалниот записник, судијата Манцано.

Иако на почетокот тренерот на Атлетико Мадрид не веруваше во ваквите обвинувања, откако го виде записникот го осуди однесувањето на својот играч.

– Го рашав судијата дали неговите зборови биле толку тешки, бидејќи многу играчи на Барса упатуваа слични реплики, а не беа протерани. Ако го кажал тоа, што ми го рече судијата, тогаш со право беше избркан – изјави Симеоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот