Фото: fcvardar.com

Диего Кастањеда останува во ФК Вардар до 2028 година

Фудбалскиот клуб Вардар АД ја информира јавноста дека со успех завршија преговорите со аргентинскиот интернационалец Диего Кастањеда.

Договорено е продолжување на соработката, па е потпишан договор да игра за скопските „црвено-црни“ до лето 2028-ма година.

Играчот од средниот ред досега сезонава во Првата македонска лига запиша 12 настапи и два гола.

Вардар предводен од тренерот Гоце Седлоски моментно е на првото место во шампионатот со 42 бода.

Претходно беше објавено продолжен е и договорот со левиот бек Михаил Маневски кој се обврза на верност кон клубот до јули 2028 година.

Маневски останува во Вардар, стави потпис на нов договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот