Михаил Маневски/ФК Вардар

Маневски останува во Вардар, стави потпис на нов договор

ФК Вардар објави дека го продолжи договорот со левиот бек Михаил Маневски, кој и во наредниот период ќе го носи дресот на „црвено-црните“.

Маневски со своите настапи во изминатиот период се наметна како еден од најстандардните и најзабележливи фудбалери во тимот, што резултираше со нова соработка со клубот.

Како што информираат од Вардар, извршниот директор на клубот потпишал нов договор со Маневски, со кој фудбалерот се обврза да остане верен на клубот до јули 2028 година.

„Извршниот директор на ФК Вардар АД го продолжи договорот со одличниот лев бочен фудбалер Михаил Маневски, кој се обврза на верност кон клубот до јули 2028-ма година“, стои во соопштението на Вардар.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот