Ди Каприо со пофални зборови за Грета: Таа стана предводник на нашето време! (ФОТО)
Леонардо Ди Каприо, кој и самиот е голем борец за зачувување на животната средина, на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија од него и младата активистка за климатски промени Грета Тунберг.
Под нивната заедничка фотогтафија славниот актер напиша: „Ретки се моментите во човековата историја кога толку силно се слуша нечиј глас. Грета стана предводник на нашето време“.
Актерот пишува и дека историјата ќе ни суди по она што сме го направиле и презеле за на идните генерации да им овозможиме живот на планетата која ја земаме здраво за готово.
Истакнува и дека се надева оти Грета успеала да им укаже на светските лидери на тоа дека периодот на неактивност, кога се климатските промени во прашање, всушност е веќе минато.
„Поради Грета и другите млади активисти јас сум оптимист кога е нашата иднина во прашање“, пишува Ди Каприо на Инстаграм.
Тој додава и дека му е чест што ја запознал оваа млада активистка и додал дека се сложиле за тоа да се поддржат еден со друг во обидите да се обезбеди поубава иднина на планетата Земја.