Џулија Робертс сподели ретка фотографија со сопругот Даниел Модер за нивната 18-годишнина (ФОТО)

profimedia

Неколку месеци се зборуваше за тоа дека бракот на Џулија Робертс и Даниел Модеро е на стаклени нозе.

Странските медиуми пренесуваа детали од нивниот приватен живот, а многу се пишуваше и зборуваше и за тоа дека Џулија го исфрлила Даниел од домот.

Меѓутоа, сето тоа изгледа дека воопшто не е вистина. Иако никогаш не изнесуваат премногу детали од својата интима, актерката сепак сподели една ретка фотографија со сопругот, и тоа по повод нивната 18-годишнина од бракот. Станува збор за заедничка фотографија на која таа го бакнува.

инстаграм

– Кога го запознав Дени и се омажив за него мојот живот доби нова смисла. Тогаш сфатив дека мојот живот никогаш повеќе нема да биде ист, раскажа во една прилика актерката.

Инаку, тие двајца се венчаа во 2002 година, а пред тоа Даниел беше во брак со извесна шминкерка.

Овој пар има три деца, Хејзел, Финеј и Хенри Даниел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот