Џордан ќе ви го извади срцето само за да победи, Леброн го нема тој менталитет

Тренерот на Денвер нагетс даде свое мислење за тоа кој е најдобриот во историјата.

Мајк Мелоун кој во минатото беше дел од тренерскиот тим на Кливленд кавалирс, кога Леброн Џејмс играше таму, се вклучи во полемиката околу тоа кој е најдобриот кошаркар во историјата на НБА лигата.

Оваа полемика трае и ќе трае уште долги години, но очигледно е дека Мајкл е најдобрриот на сите времиња. Го тренирав Леброн Џејмс пет години и имам одлични односи со него. Леброн нема ист ментален склоп, го нема тој „убиствен менталитет“ кој го имаше Мајкл Џордан.

Но, не е невозможно да се каже ни дека Леброн е најдобриот. Мајкл Џордан не беше само голем кошаркар, тој буквлано ќе ви го извадеше срцето само за да победи, и такво нешто не се гледа толку често. Тој менталитет го имаше на секој натпревар и поради тоа сè уште е најдобриот – вели Мелоун.

Актуелниот тренер на Денвер нагетс открива дека од својот татко, Брендон Мелоун кој беше тренер во Њујорк никс и Детроит пистонс слушнал за „правилата на Џордан“.

– Тие се обидуваа на секој натпревар да го претепаат. Секој пат кога Мајкл ќе тргнеше кон кошот, тие имаа намера да го спречат со физички контакт. Поради тоа НБА лигата започна да ги штити своите кошаркари – додава Мелоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот