Џордан го избра најдоброто забивање во историјата на „Ол-Стар“ викенд (ВИДЕО)

фото: твитер

Легендарниот НБА кошаркар вели дека беше импресиониран од тоа што го направи поранешниот играч на Торонто Репторс пред 20 години.

Сите со нетрпение го очекуваат можеби најинтересниот дел од НБА „Ол-Стар“ викендите, после натпреварот помеѓу „Ѕвездите во подем“ следува вториот дел од спектаклот во Чикаго.

Големо внимание привлекуваат натпреварувањата во брзото шутирање на тројки и во забивање, а новата кошаркарска вечер ја најави најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан.

Тој најдобро знае како играч може да стекне име со добра изведба во забивање. Џордан двапати беше победник во натпреварувањето во забивање кога со своите атрактивни потези го одушеви кошаркарскиот свет во 1987 и 1988 година.

„Летечкиот“ Мајк доби прашање од „Стар Трибун“ кое е најдоброто забивање во историјата на „Ол-Стар“ викендите, очекуваа да се пофали и истакне со своето култно забивање од линијата за слободни фрлања, но тој го одвои Винс Картер, со неговиот лакт во обрачот.

Џордан говори за натпреварувањето во 2000. година кога триумфираше Картер кој моментно има 43 години и сеуште е активен во НБА лигата бранејќи ги боите на Атланта Хокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот