„Ѕвезди во подем“: Американците подобри од Светот, Мајлс Бриџс МВП! (ВИДЕО)

фото: твитер

Ова беше шестипат да се игра во ваков формат, а после втората победа по ред на домашниот тим, сега резултатот е израмнет на 3:3.

Екипата составена од играчи родени во Соединетите Американски Држави доцна синоќа убедливо ја совлада селекцијата на Светот со резултат 151:131 во натпреварот на „Ѕвездите во подем“ со кој започма НБА Ол-стар викендот во Чикаго.

За најкорисен играч (МВП) беше прогласен играчот на Шарлот, Мајлс Бриџс (21) кој дуелот го заврши со 20 поени (8/12 од игра, 3/7 за три, 1/2 од слободните фрлања), додаде по пет скока и асистенции, три украдени топки за 20 минути на паркетот.

Овој млад кошаркар во 2018. година беше 12. „пик“ на Лос Анџелес Клиперс, но веднаш „трејдуван“, односно испратен во Хорнетс.

Уште седум членови на американската селекција имаа двоцифрен учинок, од нив најдобро се одвои Ерик Паскал со 23 поени.

На спротивната страна најдобри беа Канаѓаните Ер Џеј Берет (трет „пик“ во 2019) со 27 и Брендон Кларк со 22 поени.

Словенецот Лука Дончиќ запиша 16 поени, вклучувајќи и тројка од својата половина во последната секунда на првото полувреме.

Ова беше шестипат да се игра во ваков формат, а после втората победа по ред на домашниот тим, сега резултатот е израмнет на 3:3.

В недела во утринските часови на програмата е брзото шутирање на тројки, потоа ќе следува натпреварувањето во забивање, а в понеделник спектаклот завршува со дуелот меѓу на „Тимот на Јанис“ и „Тимот на Леброн“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот