Познати „Ол Стар“ тимовите: Јокиќ и Дончиќ во екипата на Леброн!

фото: твитер

Сè е подготвено за спектакл, капитените на „Ол стар“ екипите, Јанис Адетокумбо и Леброн Џејмс ги избраа тимовите за претстојниот меч во Чикаго.

Адетокумбо и Џејмс прво ги селектираа членовите на стартната петорка која ги бираше публиката, а потоа и резервите кои ги одредија тренерите.

Во стартната петорка на Адетокумбо се наоѓаат Џоел Ембид, Паскал Сиакам, Кемба Вокер и Треј Јанг.

Џејмс во првата петорка ги уфрли Ентони Дејвис, Кавај Ленард, Лука Дончиќ и Џејмс Харден.

Резерви во тимот на Адетокумбо се Бен Адебајо, Џим Батлер, Руди Гобер, Брендон Инграм, Кајл Лаури, Крис Мидлтон и Донован Мичел.

Резерви во тимот на Џејмс се Никола Јокиќ, Демијан Лилард, Бен Симонс, Џејсон Тејтум, Крис Пол, Расел Вестбрук и Домантас Сабонис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот