ЏОНСОН Ѝ СЕ ИЗВИНИЛ НА КРАЛИЦАТА? Британскиот лидер ги вади дамките од незаконското распуштање на парламентот
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон на телефон и се јавил на кралицата Елизабета Втора откако Врховниот суд неговата одлука за петонеделната суспензија на парламентот ја прогласи за неуставна, објави „Курир.рс“.
Препорачано
Од Даунинг стрит, седиштето на премиерот, одбија да ги потврдат шпекулациите на некои британски медиуми дека Џонсон телефонски се извинувал на кралицата поради тоа што и предложи незаконско распуштање на парламентот, предлог кој таа го прифати.
– Ние никогаш и под ниту едни околности ги коментираме содржините на разговорите меѓу премиерот и Нејзиниот височество – стои во објавата на Даунинг стрит 10.
Откако наводно ѝ се јавил на кралицата, Џонсон одржа конференциска седница на владата, која траеше триесетина минути и на која порача дека не се согласува со Врховниот суд, но дека ја почитува неговата независност.
Џонсон во Лондон допатува од Њујорк, бидејќи го скрати својот престој на собирот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН). Од неговиот кабинет тврдат дека премиерот и покрај притисоците е „порешителен од било кога“ да го спровете изглегувањето на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ) на 31. октомври.
Во пресрет на вчерашната сесија на Долниот дом на парламентот, лидерот на опозициските Лабуристи, Џереми Корбин, изјави дека сега не е време парламентот да се обиде да го собори Џонсон од власт.
– Едноставно наш приоритет е да спречиме излегување од ЕУ без договор на 31. октомври – рече Корбин.
Пред суспензијата, Долниот дом, во кој Џонсон нема мнозинство, усвои закон кој предвидува премиерот да бара од ЕУ одложување на рокот на Британија за излегување од ЕУ доколку не се постигне договор до 19. октомври.


