Џенова и Наполи им честитаа на Пандев и Елмас за големата победа над Германија

epa09109519 North Macedonia's Eljif Elmas in action during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Македонските репрезентативци сè уште s се главна фудбалска вест во светските медиуми по победата на четирикратниот светски шампион Германија со 1:2 во квалификациите за СП 2022.
Честитки за селекторот Игор Ангеловски и фудбалерите доаѓаат од сите страни, сите се воодушевени од начинот на кој Македонија ја победи Германија, „црвено-жолтите“ не се исплашија пред фаворитот туку на „МСВ Арената“ во Дуизбург излегоа да се надигруваат и на крајот беа наградени за таквата игра.

Италијанските екипи Џенова и Наполи за кои настапуваат Горан Пандев и Елиф Елмас им честитаа на македонските репрезентативци за големата победа. Горан Пандев кој го постигна првиот гол на натпреварот, додека дијамантот Елмас на пет минути до крајот со својот гол ја шокира Германија.

Гундоган: Не ја потценивме Македонија, едноставно не бевме доволно добри!

ФОТО: Како медиумите од регионот ја одбележаа победата на Македонија

ТВИТЕР ГОРИ: Македонското чудо во Германија е топ тема, за фудбалерите твита цел Балкан, но и светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот