Гундоган: Не ја потценивме Македонија, едноставно не бевме доволно добри!

epa09109393 Germany?s players celebrate during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL / POOL

Капитенот на германската репрезентација, Илкај Гундоган не може да сфати што се случи со неговите соиграчи вечерва против Македонија.

Нашата репрезентација го шокираше четирикратниот светски шампион славејќи со 1:2 на теренот во Дуизбург.

– Не знам како да објаснам, не е лесно. Знаевме дека не можеме да го потцениме противникот и мислам дека тоа не го направивме. Едноставно не бевме доволно добри вечерва и мораме да бидеме пдообри во нападите, во спротивно вака може да биде и во наредните дуели – се зборовите на Гундоган на официјалниот веб сајт на УЕФА.

Свој коментар имаше и неговиот репрезентативен колега, Серж Гнабри:

– На овој меч влеговме како јасни фаворити и создадовме многу шанси. Примивме први гол, се вративме, но сме разочарани што не направиме нешто додатно. Знаеме дека мораме да бидеме подобри кога доаѓаме до шанса, но јас не сум загрижен пред ЕП, а до истото има доста да се работи. Значи, вечерва не ги реализиравме шансите, противникот ни ја отежни играта, но јас очекувам од нас да постигнуваме голови со ваква доминација која ја имавме.

ВИДЕО: Тие се нашите фудбалски херои, еве како се слави во соблекувалната!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот