Џенифер Лопез на Супербол 2020, маникир во глам рок стил (ФОТО)

профимедиа

Ноктите на Џенифер Лопез беа средени во глам-рок стил за на сцената, а за забавата после настанот, во барок стил.

Споделувајќи ја сцената со Шакира за шоуто за полувреме на Супербол 2020, ултразгодната Џенифер Лопез посвети големо внимание на секој детал од изгледот.

За пејачите е познато, маникирот е клучен аспект и Џеј Ло, облечена во Версаче, избра уметност за нејзините нокти кои беа средени во од глам рок стил, а украсени со кристалчиња „Сваровски“. Дополнително, пејачката аплицирала уште еден сет на нокти со златни детали на неутрална основа за забавата после настанот.

И овојпат, грижата за изглед на ноктите, Лопез ја доверила на уметникот, со кого соработува со години, Том Бачик. Уникатните нокти Бачик ги аплицирал 30 минути пред самото шоу, кога Џеј Ло веќе била облечена и нашминкана.

За забавата пак, после настанот, одлуката паднала на нокти во барок стил од Версаче, со апликации од штрас, како и препознатливото лого Медуза на славната модна марка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот