Девојка им помогнала на двајца малолетници да силуваат девојче, поведена истражна постапка против тројцата

Јавно Обвинителство / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Како што информираат од Јавното обвинителство, за истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднел Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело „Силување на дете кое не наполнило 15 години“.

При новогодишна прослава во куќа на еден од малолетниците, осомничената, свесна за своето дело, им помогнала на две деца родени 2007 година, со употреба на сила, да извршат силување на девојче родено ​2010 година. Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор. По целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата, стои во соопштението од Јавното обвинителство на Македонија.

Оттаму дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената.

Предлогот е прифатен и судијата со решение и определи притвор во траење од 30 дена. За двете деца во судир со законот ќе биде предложена мерка согласно член 115 од Законот за правда на децата – ставање под надзор од Центарот за социјални работи, дополнуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот