Девизниот прилив од туризмот во првите три квартали е 308,05 милиони долари

Третиот квартал годинава резултираше со девизен прилив од туризам поголем за 4,77 проценти за разлика од истиот период минатата година. Вкупниот девизен прилив за првите три квартали од тековнава година изнесува 308,05 милиони долари, што е за 3,03 проценти раст споредбено со 2018 година, информира денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Оттаму оценуваат дека трендот на пораст на девизниот прилив е континуиран и е во линија со нивните очекувања дека тековната година ќе достигне 400 милиони долари девизен прилив од туризам или за пет проценти повеќе од минатата година.

– Долгорочен и одржлив развој на туризмот е стратегијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот која се практикува преку промоција на туристичките содржини на земјава во странство и поддршка овозможена преку различни проекти во земјава. Од друга страна, одржлив раст и зголемување на бројот на туристи несомнено придонесува за раст на економските активности поврзани со туризмот, намалување на сиромаштијата, зачувување на биодиверзитетот и менаџирање на природните ресурси, затоа, поддршката од сите засегнати страни за спроведување на политиките за реализација на стратешките цели е важна и истата обезбедува развој и одржливост на туризмот и туристичката индустрија, стои во соопштението.

Во насока на ова АППТ наведува дека податоците за октомври годинава покажуваат пораст на странските туристи за 19,3 проценти и 11,3 проценти кај домашните споредено со истиот период во 2018.та година, додека вкупниот број на странски туристи годинава согласно октомври е повисок за 6,1 процент кај странските, додека 1,8 проценти кај домашните туристи во споредба со 2018. година. Бројот на ноќевања го следи истиот позитивен тренд и 10-от месец од годинава е во пораст за 9,6 проценти за разлика од лани, додека првите 10 месеци од годинава бележат раст од 2,4% во споредба со истиот период минатата 2018.та година.

– Земајќи предвид дека туризмот претставува силен стопански сегмент за развој на економијата и е еден од базичните двигатели на социо-економскиот напредок на развиените, но и на земјите во развој, ефектите се од истиот се повеќе од важни, а ги се гледаат од порастот на девизниот прилив, додека овозможнуваат подобрување на платниот биланс, креирање на нови работни места и пораст на инвестициите.Промоцијата и поддршката на туризмот очигледно помагаат во исполнување на стратешкиот план на АППТ со кој се очекува раст од пет до седум проценти на бројот на туристи и ноќевања, односно надминување на бројката од 1,3 милиони туристи и приближно четири милиони ноќевања, наведува АППТ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот