Деветмина ученици се уапсени во Хонг Конг под обвинение за тероризам

Вкупно девет лица, меѓу кои и шест ученици, се уапсени во Хонг Конг под обвинение за заговор за терористички активности.

Полицијата на Хонг Конг денеска соопшти дека се уапсени пет мажи и четири жени на возраст од 15 до 39 години.

Во соопштението се вели дека тие се уапсени под сомнение за „заговор за планирање терористички активности со намера да предизвикаат сериозна социјална штета”.

За време на видео-конференција, претставници на полицијата изјавија дека деветмината планирале да користат експлозив за да ги нападнат судовите во Хонг Конг, тунелот под пристаништето и железнички станици.

Полицијата соопшти дека при рација е пронајдена лабораторија за експлозив во хотелска соба во една од најпопуларните трговски области во Хонг Конг.

Откриена е и заштитна опрема, воздушни пиштоли и комуникациска опрема.

Детективите сметаат дека уапсените се од самопрогласена револуционерна група која се нарекува „Враќајќи се храбри”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот