Плажа во Охрид/Фото: „Слободен печат“

Девет охридски хотели за првпат ќе го селектираат отпадот

Девет хотели на охридското крајбрежје почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад, преку проектна општинското јавно претпријатие „Охридски комуналец” и организацијата „SALAR International“ од Шведска. Хотелите добија инструкции, обука на персоналот и материјали за спроведување на примарна селекција во нивното работење.

„Селекцијата на отпад во хотелите и другите угостителски објекти како едни од најголемите создавачи на отпад е клучен дел во успешно спроведување на системот“, информираат од „Охридски комуналец“.

Наредниот чекот за воспоставување примарна селекција на отпад во угостителските објекти е вклучување на сместувачките и угостителските објекти покрај шеталиштето во Охрид, со план за проширување на останатите објекти долж крајбрежјето.

„Овие активности се комплементарни на активностите за проширување на мрежата од домаќинства коишто ќе бидат вклучени во системот за примарна селекција на отпад со основна цел за покривање на целата општина. Комплексноста на процесот како и фактот дека овој начин на работа се спроведува за прв пат на територијата на Охрид подразбира потреба од флексибилност и разбирање од сите чинители. Но, со заеднички напори, поддршката којашто ја добиваме од државата и разбирањето за важноста на промените од страна на сите учесници, оваа трансформација кон подобри практики ќе биде успешна“, додаваат од претпријатието.

Во Липково не се знае кој пие, а кој плаќа – даноци не се наплаќаат, улици се градат без дозвола, водоводот не функционира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот