Девет новогодишни суеверија за подобар почеток на 2024 година

Фото: Pexels / cottonbro studio

Новогодишните суеверија се составен дел од животот на луѓето на сите континенти. Покрај новогодишните одлука за прекин на штетните навики на почетокот на новата година, заедничко на сите луѓе е потребата да се „наоружаат“ со предмети и да се препуштат на активности кои ќе им гарантираат успех, среќа и здравје во најлудата ноќ на годината, пишува „Пункуфер“.

Поради силната желба за позитивен исход, тежнееме да веруваме во секакви чуда за барем за момент да имаме впечаток дека нешто е во наши раце и дека имаме моќ да влијаеме на одредени настани. Бојата на долната облека, одредени намирници кои мора да се јадат во одредено време, како и одредени работи на посебни места се само дел од верувањата на различните култури ширум светот дека тоа ќе им донесе добро во Новата година. Ова се деветте најпопуларни новогодишни суеверија низ светот.

Аргентина

Доколку сакате среќно да се заљубите во 2024 година, дочекајте ја во розова долна облека. Дополнително, направете го првиот чекор со десната нога точно на полноќ, за целата работа да оди во вистинска насока и ритам.

Бразил

Избркајте ги лошите духови со бела облека и скокајте седум пати точно на полноќ за среќа и успех.

Чиле

Наместо месо,  „нападнете ја“ варената леќа со лажица на полноќ. Една лажица гарантира финансиска добивка и успех во наредната година.

Филипини

Избркајте ги злите духови со помош на светлината. Вклучете ги сите светла во вашиот дом.

Гватемала

Финансиска добивка ги чека оние кои на полноќ ќе грабнат 12 парички и ќе ги фрлат преку грб на улицата пред нивната куќа. Се прашуваме – може ли подоцна да ги собереме?

Колумбија

Прошетајте низ маалото барем еден час со празен куфер, за новата година да ви биде полна со патувања.

Ел Салвадор

На полноќ, испразнете ја содржината на свежото јајце во чаша и оставете го да отстои преку ноќ. Обликот на јајце следното утро е симбол на среќата што ве очекува во новата година.

Шпанија

Грозјето во новата година носи подобрување на сите полиња. Јадете 12 зрна од ова овошје точно на полноќ!

Турција

Фрлете свежа калинка на улица преку балконот. Колку подобро пука плодот, толку поплодна ќе биде годината.

Без разлика дали со мали гестови ќе се обидеме да влијаеме на сè што не чека во 2024 година, најважно е секогаш да ги имаме најблиските околу нас, да планираме патувања, да се забавуваме и да јадеме добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот