Девет фудбалски прволигаши во постапка за лиценцирање за европски натпреварувања

работнички
фото: facebook/ФК Работнички

Фудбалската федерација на Македонија го започна процесот и постапката за лиценцирање на клубовите во машка и женска конкуренција за добивање право на настап во рамки на европските натпреварувања во организација на УЕФА.

Одделот за лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија веќе одржува работни состаноци со клубовите со цел детално претставуваење на новите правилници за клупско лиценцирање и условите кои клубовите треба да ги исполнат за да добијат можност да учествуваат во европските клупски натпреварувања.

Девет фудбалски тимови од Прва МФЛ (Струга Трим Љум, Работнички, Силекс, Скопје, Брегалница, Шкендија, Шкупи, Тиквеш и Македонија Ѓ.П.) се влезени во процесот на лиценцирање.

А во женска конкуренција вкупно четири клубови (Тиверија, Саса, Љуботен и Скопје) учествуваат во процесот за клупско лиценцирање.

– Генерално, клубовите кои се пријавени за клупско лиценцирање се запознаени со целокупната постапка, односно исполнувањето на критериумите предвидени во правилниците на УЕФА. Условите кои се пропишани, сметаме дека релативно лесно можат да се исполнат од страна на клубовите. Одделот за лиценцирање во рамки на Фудбалската федерација на Македонија на сите пријавени клубови им стои на располагање во однос на консултативни и стручни прашања, но многу поважно и поддршка во исполнувањето на критериумите за условите на стадионите, еден од најважните критериуми за лиценцирање – вели Горанчо Костовски, лиценцен менаџер во ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот