Детето ѕвезда конечно порасна: Меколи Калкин ја запроси Бренда Сонг, една година откако стана татко
Меколи Калкин и Бренда Сонг конечно се верија речиси една година откако го пречекаа нивниот син Дакота.
Актерот од легендарниот филм „Сам дома“ и ѕвездата од каналот Дизни се во врска четири години. Тие за прв пат беа романтично поврзани во јули 2017 година, кога беа забележани како на вечера во ресторанот Крегс во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Речиси една година откако го дочекаа нивното прво заедничко дете, 41-годишниот Меколи и 33-годишната Бренда го направија чекорот на официјализирање на нивната врска.
View this post on Instagram
Потврдата доаѓа откако актерката беше фотографирана со дијамантски прстен на левата рака додека беше во Беверли Хилс во понеделникот.
Бренда беше забележана облечена во долга црвена јакна над црн фустан и кожени чизми, држејќи го својот телефон покриен со лаванда футрола во десната рака, додека празната лева рака ѕиркаше од под ракавот на нејзината јакна.
View this post on Instagram
Веста за свршувачката доаѓа скоро една година откако го пречекаа синот Дакота во април 2021 година. Парот го именуваше својот син по покојната сестра на актерот, која загина во сообраќајна несреќа во 2008 година на 29-годишна возраст.
View this post on Instagram
Дуото живее заедно со нивниот син и трите мачки – „Apples“, „Dude“ и „Santa Claus“. Имаат и риба по име „Cinnamon“.
View this post on Instagram
Меколеј и Бренда се озлогласено приватни во врска со нивната романса, како и нивниот син. Сепак, парот откри дека работеле на заедничко семејство во 2021 година.
Поранешната детска ѕвезда изјави за магазинот Esquire дека тој и Бренда „често вежбаат“.
„Го откриваме тоа, правиме тајмингот да функционира. Затоа што ништо не возбудува повеќе отколку кога твојата девојка ќе влезе во собата и ќе ти каже: „Душо, овулирам““, изјави Меколи.
View this post on Instagram