Дете во Перу голтнало осум медицински игли, лекарите едвај го спасиле

Игли илустрација / Фото: J.M. Guyon - Copyright 2012 / CandyBox / Profimedia

Лекари во североисточниот дел на Перу му го спасиле животот на двегодишното момче кое проголтало осум медицински игли. „Дури кога влеговме во операционата сала и му го отворивме стомакот, ги откривме металните предмети и сфативме дека станува збор за игли“, изјави д-р Ефраин Салазар.

Локалните медиуми објавија дека станува збор за игли за инјектирање кои се користат за вакцинирање на животните на фармата каде што работи мајката на момчето. Семејството живеело во земјоделската област Таратопу, на околу 622 километри од главниот град Лима.

„Можеби ги голтнал додека си играл“, рекла мајката.

Момчето по операцијата е надвор од животна опасност, јавуваат медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот