Фото: Los Angeles Lakers

Детали за скандалот во НБА: Шрудер 40 минути го чекал Дончиќ пред соблекувалната

Една од пожешките теми во НБА во изминативе денови беше инцидентот меѓу Лука Дончиќ и германскиот кошаркар Денис Шрудер, кој веќе беше санкциониран со суспензија од три натпревари.

Во меѓувреме, во јавноста излегоа и дополнителни детали за конфликтот меѓу двете големи ѕвезди. За време на натпреварот, ТВ-камерите во повеќе наврати ги уловија Дончиќ и Шрудер како разменуваат навреди на паркетот, што всушност беше продолжение на тензичниот однос од нивниот претходен дуел.

Очигледно, словенечкиот ас успеал целосно да го испровоцира Шрудер, кој ја изгубил контролата откако Дончиќ му дофрлил: „Требаше да го потпишеш тој договор“.

Со тоа, Лука алудираше на потегот што често се споменува како еден од најлошите деловни потези во НБА, одбивањето на понудата од 84 милиони долари од Лејкерс пред пет години, по што Шрудер на крајот прифати договор од само шест милиони долари со Бостон.

Германецот бил видно бесен поради ваквите провокации, па по завршувањето на натпреварот одлучил да го побара Дончиќ во арената. Според информациите, Шрудер речиси 40 минути чекал пред соблекувалната со намера физички да се пресмета со словенечкиот кошаркар.

Кога Дончиќ конечно се појавил, Шрудер му пришол и, според официјалното соопштение на НБА лигата, се обидел физички да го нападне, што беше и главната причина за суспензијата од три натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот