Детален месечен хороскоп за декември за Вага, Скорпија и Стрелец: Пред вас е убава иднина

Profimedia

Вага

Вагите се сигурни во своите одлуки во декември, па поради нивните радикални одлуки, многу врски ќе бидат прекинати. Се ставате на прво место и го сакате само најдоброто. Неочекувано ќе бидете груби и кон пријателите и кон вашиот партнер, затоа што сакате да им кажете на сите сè што мислите и сè што ве мачи. Многумина нема да го очекуваат тоа од вас, па може да има расправии и конфликти. Овој месец ви носи храброст и можност за избор и дејствување. Слободната Вага ќе влезе во романтична врска со личност што ја познаваат, а таа може да биде од работа или тренинг. Пред вас е убава иднина.

Проблемите ќе се појават на работа на почетокот на месецот. Можеби премногу се опуштивте, па немавте идеја дека има забелешки на вашата работа. Ова ви создава дополнителен стрес, но мора да бидете смирени, за да не влегувате во конфликти што не ви се потребни во моментот. Парите овој месец нема да бидат проблем, бидејќи можете да очекувате профит од различни извори.

Здравје: Можни се алергии на кожата.

Скорпија

Скорпиите ќе уживаат во добри, пријателски односи овој месец. Семејството и пријателите ќе бидат со вас и ќе ви покажат дека секогаш можете да сметате на нив. Задоволни сте и од односот со партнерот, бидејќи ќе има многу хармонични и нежни моменти. Конечно ќе излезете заедно, и ќе го поминете целото слободно време заедно, што ќе биде многу пријатно за вас. Покрај партнерот, се чувствувате опуштено и среќно, а во следниот период нема да има расправии или големи проблеми, за да можете малку да се опуштите и да уживате. Слободните Скорпии ќе запознаат интересна личност со која имаат многу заеднички теми.

Овој месец ќе имате нови деловни понуди, а тоа ќе им се најде на Скорпиите кои останаа без работа. Едноставно сакате новите деловни предизвици и лесно ќе се прилагодите на новата работна атмосфера. Имате впечаток дека долго го чекавте тоа, па ќе дадете се од себе за да успеете. Исто така, има многу финансиски придобивки што не ги очекувавте!

Здравје: Здравјето е стабилно и добро.

Стрелец

Стрелците ќе имаат добри односи со својот партнер во декември, но на крајот на месецот ќе бидете под голем стрес, па можно е да се појават расправии поради тоа, кои се од привремена природа. Емоциите се потенцираат во овој период, па затоа ќе се сетите на некои клучни работи од минатото. Покрај промените на расположението, можете да очекувате и реализација на долгогодишни желби, кои се поврзани со вашиот партнер. Ви претстои бурен период, кој на крајот ќе заврши добро. Слободните Стрелци ќе се заљубат во личност која едвај ја познаваат, па затоа им се препорачува да бидат претпазливи.

Може да очекувате да добиете игри на среќа овој месец. Финансиите ќе се подобруваат од ден на ден. Деловниот аспект е задоволителен, но многу Стрелци ќе сакаат да ја испробаат својата среќа во странски земји. Со добра организација, ќе можете да ги постигнете своите цели, само продолжете да работите и да работите напорно.

Здравје: Се советува да вежбате поредовно и да внимавате на исхраната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот