Десингерица / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Десингерица доживеал сообраќајна несреќа: Полицијата ја уапсила жената од Швајцарија која ја предизвикала сообраќајката

Контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ-Десингерица рано утрово доживеал голема непријатност на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ каде доживеал сообраќајна несреќа. Сè се случило во раните утрински часови, кога Деспиќ, најверојатно, со авион пристигнал во Белград, а потоа влегол во својот луксузен автомобил и се упатил кон својот дом. Набрзо дошло до несреќа кога во неговиот,  удрил друг автомобил управуван од жена.

По тој повод се огласи и Десингерица кој откри дека непозната  жена ја предизвикала несреќата, а бидејќи била странска државјанка била приведена во полициска станица.

„Возев по улица, некое пиле од Швајцарија излета и ми ја удри вратата. Чекав полиција, набрзо дојдоа, направија истрага па ја уапсија и ја однесоа во притвор, по ѓаволите“, објасни Десингерица, пишува „Мондо“.

Да потсетиме, неодамна се пишуваше и зборуваше за наводните турбуленции во врската со сопругата Невена. Сепак, тој откри дека шпекулациите за нивниот развод се невистинити и дека се уште се во брак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот