Нови израелски напади во Газа/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Десетици жени и деца загинаа во нов бран израелски напади во Газа

Најмалку 50 Палестинци загинаа во Појасот Газа во неделата во бранот израелски напади, тврдат локалните здравствени власти, ескалирани во периодот кога американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжува својата посета на Блискиот Исток.

Спасувачите соопштија дека повеќето од жртвите, вклучувајќи жени и деца, загинале во бранот израелски воздушни напади што ги таргетирале домовите во областа Џамбалија во северна Газа.

Вчера, уште 28 лица беа убиени во израелските воздушни напади врз две болници во Газа.

Израелската војска немаше веднаш коментар и рече дека се обидува да ги потврди извештаите.

Според денешните извештаи на израелските медиуми, безбедносните претставници изјавија дека веруваат оти воениот лидер на Хамас, Мохамед Синвар, и други високи функционери биле убиени во напад во вторникот, врз командниот и контролен центар под Европската болница, во градот Кан Јунис во јужниот дел од енклавата.

Немаше веднаш потврда од израелската војска или од Хамас.

Доцна вчера, Исламски џихад, проиранска милитантна група во Газа која е во сојуз со Хамас, истрела ракети кон Израел. Кратко пред да започнат израелските напади како одмазда, армијата издаде наредби за евакуација за подрачјето на Џабалија и блиската Беит Лахија.

Израелската ескалација доаѓа и покрај палестинските надежи дека посетата на Трамп би можела да изврши притисок врз деескалација на насилството. Хамас во понеделник го ослободи израелско-американскиот заложник Идан Александар пред патувањето на Трамп.

Зборувајќи вчера во Ријад, Трамп рече дека други заложници ќе го следат Александар и додаде дека луѓето од Газа заслужуваат подобра иднина.

Напорите за постигнување прекин на огнот беа неуспешни во последните недели, а Хамас и Израел се обвинуваат меѓусебно за ова. Хамас разговараше со посредниците од САД, Египет и Катар за да организира ослободување на Александар, а Израел испрати тим во Доха за да започне нова рунда разговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот