Десет ситуации во кои принцезата Дијана се покажа како неверојатна мајка!

Фото: Профимедиа

Принцезата Дијана влезе во историјата како една од најомилените членови на британското кралско семејство.

Од нејзината хуманитарна работа, до начинот на кој ги воспитуваше своите синови, принцот Вилијам и принцот Хари, Дијана ги зароби срцата на луѓето ширум светот и го смени значењето на тоа што значи да се биде член на кралското семејство.

Затоа Инсајдер издвои десет ситуации во кои Дијана докажа дека е неверојатна мајка:

1. Принцезата Дијана знаеше дека сака да ги воспитува своите деца да бидат што повеќе „обични и нормални“ – и покрај фактот дека тие беа принцови.

Фото: Инстаграм

 

2. Принцезата Дијана многу сериозно го сфати мајчинството и секогаш се обидуваше да поминува време со своите синови. Уште од нивното раѓање, Дијана ги помести границите на она што се очекуваше од мајка на кралски наследници, па самата ги избра нивните имиња и ги доеше.

„Најважната улога ми е да бидам мајка и сопруга. Тоа е она што се обидувам да го постигнам“, рече таа во ноември 1985 година.

Во еден од подоцнежните разговори, таа призна: „Јас живеам за своите синови. Без нив, ќе бев изгубена“.

3. Според кралските протоколи, децата не се носат на турнеи, но Дијана инсистирала да го однесе 9-месечниот Вилијам на турнеја низ Австралија.

„Вилијам и Хари имаа многу, многу среќа со Дијана како мајка затоа што нејзините идеи беа многу поразлични од претходните генерации“, изјави кралскиот експерт Кристофер Ворвик за Harper’s Bazaar.

Profimedia

4. Принцезата Дијана често зборуваше за тоа колку е благодарна за своето семејство, особено откако се сретна со толку многу луѓе кои не ги делеле истите благослови во нивните животи.

„Имам две многу здрави и силни момчиња и тоа не е секогаш случај со семејствата што ги среќавам … И сфаќам колку сум неверојатно среќна“, рече таа во едно интервју.

5. Дијана се обиде да го усогласи својот распоред со распоредот на момчињата за да може да помине уште повеќе време со нив.

Иако не работеше редовно и се откажа од својата позиција како учителка во градинка кога се омажи за принцот Чарлс, нејзиниот живот беше исполнет со кралски должности, настани и обврски. Сепак, таа наводно го прилагодила својот распоред за да одговара на распоредот на нејзините синови. Како и со многу други кралски деца, за нив делумно се грижеле дадилките.

Profimedia

„Во својот официјален календар, принцезата ги запишува сите дневни обврски на нејзините синови со зелено мастило“, напиша Катрине Ејмс во Newsweek во 1997 година.

6. Принцезата Дијана ги носеше своите деца на училиште, што е невообичаено за членовите на кралското семејство.

Традицијата во кралското семејство налага кралските деца да се образуваат дома. Сепак, принцезата Дијана го смени кралското образование засекогаш кога Вилијам го започна своето школување во Нотинг Хил во септември 1985 година.

„Малку бев тажна затоа што се отвора уште едно поглавје во мојот и животот на Вилијам. Но, тој е подготвен за тоа. Тој е многу независно дете“, изјави Дијана пред новинарите по првиот училишен ден на Вилијам.

Принцот Вилијам стана првиот иден крал кој целосно се школувал во системот на државно училиште, а принцезата Дијана продолжи да го поддржува образованието на принцот Вилијам и принцот Хари во текот на нејзинот живот.

Profimedia

7. Никогаш не се двоумеше да се забавува со своите синови. Затоа им дозволи да ја закопаат во песок додека беа на островот Некер во 1990 година.

„Таа сфати дека има вистински живот надвор од sидовите на палатата“, рече Вилијам во документарецот за нејзиниот живот.

8. Една од најпознатите фотографии на Дијана ја покажува како го крши кралскиот протокол прегрнувајќи ги своите синови откако биле разделени за време на одмор.

Принцот Хари се присети на прегратките на Дијана и што ја правеше посебна како мајка:

„Таа само ќе те прегрне и ќе те стисне што е можно поцврсто, немаше спас, бевте онолку долго колку што таа сакаше да ве задржи. Дури и сега, зборувајќи за тоа, ги чувствувам прегратките што таа знаеше да си ги дозволи“, рече тој во документарниот филм „Дијана, нашата мајка: Нејзиниот живот и наследство“.

„Ми недостасува тоа чувство, ми недостига мајката која кога ќе те гушне, ќе се сочувствува со тоа што ти треба. Зад затворените врати таа беше многу љубезна, грижлива мајка и неверојатно смешна личност. Мислам дека живееше многу од својот живот, особено приватно преку нас и мислам дека тој забавен детски елемент беше навистина видлив кога таа го поминуваше времето со нас“, рече принцот тогаш.

Фото Профимедиа

9. Ги носеше своите синови на авантуристички патувања и се обидуваше да им ја обезбеди приватноста. Така, за време на едно скијачко патување со Вилијам и Хари во 1991 година, Дијана ги замоли папараците да ги остават неа и нејзиното семејство сами додека уживаат на семејниот одмор, а таа дури им пријде на луѓето кои ја снимаа неа и нејзините деца барајќи од нив да запрат.

Принцезата исто така побара телохранителите да не патуваат со нив за да го направат својот одмор што е можно поопуштен.

10. За време на патувањето до паркот Торп во 1993 година, таа и нејзините синови тргнаа по водените тобогани.

Ќе согласите дека и денес би било сосема невообичаено да ги видите членовите на кралското семејство како се релаксираат во забавен парк.

Сепак, ова беа само некои од причините зошто Дијана беше толку сакана од нејзините синови и јавноста – таа целосно го смени тоа што значи да се биде дел од кралското семејство и да се израсне идниот владетел на Велика Британија.

Profimedia

„Сакам моите момчиња да ги разберат човечките емоции, нивните несигурности, неволји и нивните надежи и соништа“, рече Дијана еднаш во едно интервју.

Принцезата не само што разговараше со своите синови за тоа колку се привилегирани, туку ги носеше и на посети по болници и засолништа за бездомници.

„Беше вистинско отворање на очите и мило ми е што го стори тоа“, изјави Вилијам за Телеграф во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот