Десерт што го „залуде“ интернет: Колач од лимон, готов за 20 минути

Фото: Pxfuel

Доколку имате малку лимон и буквално 20 минути време, тогаш пробајте го овој неодолив рецепт што се прави брзо.

Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за брауни од лимон на кој никој не може да му одолее, а на интернет владее општo „лудило“ по овој деликатес.

Состојки:

– 100 грама брашно
– 150 грама шеќер
– прстофат сол
– 2 јајца
– кора од еден лимон
– 2 лажици лимонов сок

За прелив:

– 100 грама шеќер во прав
– 3-4 лажици лимонов сок

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Подмачкајте го малиот плех со димензии 20 х 20 сантиметри. Помешајте ги брашното, шеќерот и солта. Посебно изматете ги јајцата, кората и сокот од лимон. Помешајте ги двете смеси и сипете ги во плех.
Печете околу 20 минути. Оставете да се излади, па прелијте го со глазура.

Глазура:

Измешајте ги шеќерот во прав и лимоновиот сок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот