Дерматолог откри: Погрешно го користиме кремот за сончање, внимавајте на количината што ја нанесувате

Фото: Профимедиа

Како најдобро да се заштитиме од сонцето? Прашање што веројатно сега си го поставувате почесто отколку во текот на другите делови од годината. Колку крем е доволно, дали повторно да се нанесе по капење, се прашањата на кои често бараме одговори кога ќе изгориме на сонце или непосредно пред сончање.

Се препорачува да носите облека и капи што е можно повеќе и да користите широк спектар кремови за сончање.

„Ако сте некое време во вода или се потите, повторно нанесувајте на секои неколку часови и најдобро е да останете под чадор кога и да имате можност за да не бидете директно на сонце“, истакнува д-р Лоренс Грин, овластен дерматолог и клинички професор по дерматологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

Грин дополнително сугерира да се користа кремови за сончање или лосиони, а не спрејови од практични причини.

„Кога користите спреј, голем дел од него оди во воздухот, а не на кожата, така што имате помала заштита отколку што мислите. Исто така, можат да ви остават неизедначена заштита ако не ги втриете целосно“, објаснува доктор.

Се смета дека количината на крем што треба да ја нанесеме е еднаква на едно до две топчиња за пинг-понг на местата изложени на сонце.

„Не заборавајте на чувствителните области, какви што се лицето, ушите, задниот дел на вратот и врвовите на стапалата или тешко достапните места како грбот“, вели дерматологот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот