Дербито е во Битола, Пелистер со нов тренер против Работнички

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дерби-дуелот од второто коло од Првата македонска кошаркарска лига е закажан денеска од 20.30 часот во Битола помеѓу Пелистер и Работнички во салата „Боро Чурлевски“.

Битолчани имаат нов тренер Дарко Радуловиќ кој дојде на местото на Марјан Илиевски. Радуловиќ на крајот од минатата сезона ја заврши соработката со унгарскиот прволигаш Нирегихаза. Претходно го водеше Башкими во косовското првенство, а во меѓувреме имал неколку понуди од Европа и Блискиот Исток. За Радуловиќ ова ќе биде враќање во македонската кошарка по пауза од 20 месеци.

Покрај домашните обврски, идната недела ќе го води Пелистер на првиот АБА 2 турнир.

Прва кошаркарска лига, второ коло

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 85:59

Сабота
13.30 часот: ТФТ – Чаир 2030
18.00 часот: Охрид – Академија ФМП
20.30 часот: Пелистер – Работнички

8 октомври (недела)
18.00 часот: Еуро Никел 2005 – Кожув

9 октомври (понеделник)
18.00 часот: Феникс 2010 – Вардар

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 4 бодови, Гостивар 3, Еуро Никел 2, Чаир 2030 2, Вардар 2, Охрид 1, Пелистер 1, ТФТ Скопје 1, Феникс 2010 1, Кожув 1, ФМП Академија 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот