Дени Дринквотер објави крај на кариерата на 33 години

Фото: EPA/ANDY RAIN EDITORIAL

Дени Дринквоtер беше еден од главните фудбалери во чудесната сезона на Лестер кога „лисиците“ во сезоната 2015/2016 ја освоија шампионската титула во Премиер лигата.

Дринквотер одлучи да стави крај на кариерата на 33 години. Во тандем со Нголо Канте беше фантастичен таа сезона во Премиер лигата.

Во втората сезона се избори со промоција во Премиер лигата, а во споменатата 2016 година со поддршка на Варди, Марез, Канте, Шмајхел и останатите испишаа историја освојувајќи ја титулата под водство на Клаудио Раниери.

Со одличните настапи за Лестер стана и репрезентативец на Англија, а како и Канте направи трансфер во Челзи. Сепак, за разлика од ситуацијата на Французинот тој не се снајде во Лондон, па следуваше голем пад во кариерата и тој трансфер може да се означи како почеток на крајот за неговата кариера.

Дени на девет години првите чекори ги направи во Манчестер Јунајтед, но никогаш не заигра за првиот тим. По позајмиците во Хадерсфилд, Втофорд и Барсли премина во Лестер во 2012 година.

Челзи за неговите услуги во 2017 година плати 35 милиони фунти, но никогаш не заигра ниту блиску до формата со која го носеше дресот на Лестер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот