Вардар - Алкалоид/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Денеска во Струмица почнува завршницата од ракометниот Куп на Македонија

Струмица од денеска до недела ќе биде центарот на македонскиот ракомет, каде што четирите најсилни екипи ќе ја водат битката за трофејот во Купот на Македонија. Вардар, Пелистер, Алкалоид и Охрид влегуваат во завршницата со амбиција да стигнат до пехарот, а според формата и квалитетот очекувањата се да има голема неизвесност.

Актуелниот освојувач Вардар ќе го отвори својот настап во полуфиналето против Алкалоид во вечерниот термин од 20 часот. Претходно, од 17 часот, силите ќе ги одмерат Охрид и Пелистер, дуел кој веќе има најава за возбудување ако се суди според нивниот последен меѓусебен натпревар, кога охриѓани славеа на гостувањето во Битола.

Големото финале е закажано за недела во 20 часот, кога ќе се дознае новиот освојувач на Купот.

Во меѓувреме, саботата е резервирана за женскиот турнир. Пелистер ќе игра против Ѓорче Петров од 17 часот, додека вечерниот термин од 20 часот е предвиден за пресметката меѓу Спартак и Чаир. Финалето кај дамите ќе се одигра во недела од 17 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот