Денеска Скопје трча: Се одржува 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон

Фото: Фејсбук

Денеска околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави моментално учествуваат на 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон, кој се  одржува низ улиците на нашиот главен град.

Учесниците се напреваруваат во четири трки: маратон, полумаратон, штафетна трка и трка на пет километри.

Оваа година на најкратката трка пријавени се 9.500 учесници од кои повеќето од половината се жени.

И оваа година се присутни елитни натпреварувачи од Етипопија и Кенија, а се очекуваат и нови рекорди на патеката.

За трката е направена мобилна апликација на која ќе можат да се следат натпреварувачите, кој на која позиција се наоѓа во моментот.

Наградниот фонт за маратонот изнесува 18.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот