Денеска се слават Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот, намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесуваат жртви на идолите.

Во спротивно, им се закануваа со страшно мачење. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но, овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење.

Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од нас пред Својот Отец небесен и пред Светите ангели!“ Намесникот ги раздели во две групи: триесет и шестемина после биењето и стружењето и потурањето со сол врз отворените рани ги уби со меч. А првите четворица ги фрли во затвор со тешки окови на вратот, на рацете и на нозете. Но ангел Божји им се јави во затворот и со допир ги ослободи од оковите.

Беа повторно изведени и мачени, па повторно фрлени во затворот. Намесникот им нареди на гатачите да соберат што поголем број влекачи, змии и скорпии и да ги затворат во иста одаја со мачениците. Но, влекачите не сакаа ни да се допрат до Божјите угодници, туку се прибија во еден агол и така прележаа три дена.

Кога третиот ден го отворија затворот, отровните животни јурнаа по гатачите и ги искасаа. Најпосле намесникот ја изрече смртната пресуда над четворицата маченици. Кога ги водеа на погубување тие радосно пееја псалми и Го фалеа Бога Којшто ги удостои со маченичка смрт.

Чесно пострадаа и се удостоија со Небесното Царство во 250 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот