Денеска роденден слави Диме Илиев, еден од најеминентните актери на македонската театарска сцена
На денешен ден во 1952 година во Кавадарци роден е Диме Илиев, познатиот македонски театарски, филмски и телевизиски актер и режисер.
Препорачано
Илиев дипломирал на Факултет за драмски уметности во Скопје во 1975 година и истата година се вработил како глумец во Драмски театар-Скопје, и работи се до неговото пензионирање во 2019 година.
Во текот на кариерата, Илиев одиграл над 100 улоги, и тоа не само на репертоарот на Драмскиот театар, туку на сцените на другите театри во Македонија. Исто така, Илиев настапувал и во телевизиски и радио драми, во играни филмови, а имал и неколку режисерски ангажмани.
Награди и признанија:
– „Најдобар млад глумец“, 1976 (за претставата „Црнила“)
– Награда за главна улога, ТВ фестивал Порторож, 1976 (за ТВ-драмата „Сослушувањето на железничарот“)
– „Најпопуларно ТВ лице“, 1979“ (за серијата „Наши години“)
– “Ристо Шишков”, 1995 (за претставата “Од првиот здив”)
– Награда за најдобра машка улога на Ифад за улогата на таткото во Евродика (2013)
– На 25 март 2015, по завршувањето на претставата “Човекот што го изеде светот” поставена од страна на Драмски театар – Скопје, на Илиев му била врачена наградата “Глумец на годината” што ја доделува дневниот весник “Дневник”. Притоа на Илиев му била врачена статуетка (дело на вајарот Сашо Саздовски) на која било запишано неговото име. Во таа прилика, Илиев изјавил: “Не постои глумец на кој наградите не му значат. Ние работиме за публиката, за аплаузи, но наградите се потврда за онаа што сме го сработиле”.
– Награда „Петре Прличко“, 2019


