Фото: Фејсбук

Денеска ќе биде погребан пејачот Амир Исмани којшто вчера беше застрелан на Пластичарска

Дваесет и деветгодишниот Амар Исмани којшто вчеравечер беше застрелан на Пластичарска ќе биде погребан денеска, потврдија од неговото семејство.

„На Алах сме и на него ќе се вратиме. Со скршено и тажно срце ве известувам дека почина нашиот син/брат Амар Исмани. Церемонијата за погреб ќе се одржи денес со Икинди намаз во џамијата, а потоа на гробиштата Бутел“, напиша Един Исмани на Фејсбук, брат на убиениот.

Амар Исмани им подлегна на повредите здобиени во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, а уште две лица се повредени.  Сѐ уште не се откриени сторителите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот