Во пукање на Пластичарска загина пејачот Амар Исмани

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска. Братот на Амар ја сподели информацијата на „Фејсбук“.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека во 23 часот и 40 минути во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.

Во 23 часот и 45 минути од Градската болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен 24-годишниот Т.А. од Скопје.

Во 23 часот и 51 минута од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени 19-годишниот О.Б. и 29-годишниот А.И. Двајцата се од Скопје.

По укажаната помош А.И. починал 45 минути по полноќ. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот. 

Почина 29-годишник во пукањето на Пластичарска, вториот е опериран и стабилен

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот