ДЗС се поднови со две нови теренски возила за интервенции при поплави и пожари
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) има на располагање две нови теренски возила со 4×4 погон. Ќе се користат за интервенции при поплави, шумски пожари и други природни и техничко-технолошки катастрофи, како и за активности во рамки на прекуграничната соработка со партнерските институции, информираа денеска од прес-службата на ДЗС.
Препорачано
Возилата ДЗС ги набави преку иницијативата „Волонтер 2“ (VOLUnteer II), со поддршка и финансиска помош од Европската Унија и партнерските институции вклучени во проектните активности oд Грција.
Според ДЗС, со оваа набавка се зајакнуваат оперативните капацитети и мобилноста на тимовите на Дирекцијата, со цел побрз и поефикасен одговор при вонредни состојби.
Проектот „Напредна рамка за намалување и управување со ризиците од поплави и други повеќекратни опасности“, (Interreg VI-A IPA Greece – North Macedonia 2021–2027), обезбеди поддршка од Европската Унија, за која, како што се посочува во соопштението, ДЗС изразува благодарност како и до сите партнерски организации од Грција за нивниот придонес во зајакнувањето на капацитетите за цивилна заштита (Network Operational Support – Education of the Volunteers Associations and University of Macedonia).
Ангелов во Хрватска на разговори за можен сервис на ер тракторите


