Џастин Тимберлејк / Фото: Скриншот/Јутјуб

Денеска интернетот е преплавен со ликот на Џастин Тимберлејк – знаете ли како настана виралната шега за мај?

Со крајот на април, социјалните мрежи повторно се преплавија со едно од најпознатите интернет мемиња – „It’s gonna be May“ (во превод: Ќе биде мај), кое традиционално се појавува во пресрет на мај и секоја година станува вирално.

Во центарот на оваа шега е Џастин Тимберлејк, чиј специфичен изговор во песната „It’s Gonna Be Me“ (во превод: Ќе бидам јас) ја создаде основата за мемето. Во рефренот, зборот „me“ (во превод: јас) звучи како „May“ (во превод: мај), што интернет-корисниците го претворија во сезонска шега поврзана со доаѓањето на новиот месец.

Според „И њуз“, првата верзија на мемето се појавила на платформата Тамблр во 2012 година. Станувало збор за календар со фотографија од Тимберлејк на 30 април, над која стоел натписот „It’s gonna be May“. Оттогаш, различни варијации секоја година кружат на интернет и стануваат дел од дигиталната култура.

Популарноста на мемето ја препозна и самиот Тимберлејк, кој во 2020 година, за време на пандемијата со ковид-19, објави своја верзија на платформата Икс (поранешен Твитер), на која неговото лице е прекриено со заштитна маска.

Во интервју за јутјуб-шоуто „Хот уанс“ во 2023 година, пејачот објасни дека оригинално го отпеал стихот „It’s gonna be me“, но по сугестија на продуцент, изговорот бил променет.

Неговиот колега од групата „Енсинк“, Џеј Си Чејзез, посочил дека авторите на песната – Макс Мартин, Андреас Карлсон и Рами Јакуб – биле Швеѓани, па нивниот акцент влијаел врз финалниот изговор.

„Она што е интересно кај Макс Мартин е што нивниот ‘несовршен’ англиски ги правеше поуспешни автори. Ги редеа зборовите на начин што можеби не звучеше логично, но кога ќе се отпее – станува многу попримамливо и лесно се памети“, изјави Тимберлејк.

Тој низ шега додаде дека токму таа специфична интерпретација придонела песната да стане култен хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот