Ден по тепачката меѓу малолетнички во Дебар Маало, Герасимовски во ноќна обиколка со полицијата

Градоначалникот Горан Герасимовски низ Дебар Маало/Фото: Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски синоќа заедно со помошник командирот на полициска станица Беко, Игор Петровски бил во обиколка на локациите коишто на социјалните мрежи беа посочени како места на кои се договарале тепачки.

Герасимовски, како што денеска соопштија од Општина Центар, апелирал до младите да бидат разумни и да мислат на последиците што може да се случат.

– Апелирам до младите да бидат разумни и да ги воздржат страстите. За да се случи најстрашното, потребен е само миг кој не ќе може да се врати. Многу често сме сведоци на немили настани во кои се случуваат тешки повреди или најлошото, во прашање се фамилии и животи. Исто така упатувам апел и до родителите да внимаваат на однесувањето на своите деца и да го насочат воспитувањето кон солидарните и животните вредности на секој поединец во државата. Полициската поддршка е тука но доколку немаме самосвест, таа е залудна, истакнал Герасимовски.

Помошник командирот во полициската станица Беко го известил Герасимовски дека неколку полициски службеници патролираат на неколку места во општината, но дека за да се интензивираат патролите потребно е општината да поднесе иницијатива до Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници веќе патролираат на неколку локации во централното градско подрачје, но нив ги нема на секоја улица. Затоа ги повикувам младите да размислат за последиците затоа што многу често вербалната караница може да се претвори во масовна тепачка со несакани последици, рече Петровски.

Во текот на неделава, дел од медиумите информираа дека се случила физичка пресметка меѓу малолетни девојчиња во Дебар маало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот