ВИДЕО | Масовна тепачка меѓу малолетници во Дебар Маало

Фото: Скриншот, Твитер

Вчера се случи масовна тепачка меѓу малолетници во скопската населба Дебар Маало. Првично, се појавија неколку снимки од тепачката на социјалните мрежи, а потоа информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„На 23.9.2022 во 23.50 часот во СВР Скопје, Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот