Ден на домородните народи во САД: Урнати статуите на претседателите Линколн и Рузвелт во Портланд

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Група од околу 200 демонстранти синоќа ги урна статуите на претседателите на САД, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт во Портланд во американската сојузна држава Орегон. Како што соопшти ТВ „Фокс њуз“, двата споменика биле урнати околу 21 часот по локално време, односно пет часот по средноевропско време.

Во текот на ноќта, исполнета со метежи и нереди, демонстрантите го искршиле и влезот на Историското друштво на Орегон и стаклата на повеќе други објекти и поставиле плакати со антирасистички пораки.

Протестот на социјалните мрежи беше промовиран како „Ден на гневот на домородните народи”.

Во САД денеска е национален празник Ден на Колумбо, во чест на првиот Европеец кој допловил до копното на Америка. Во многу сојузни држави овој празник е отфрлен и заменет со Ден на домородните народи, поради што на многу места општо прифатеното мислење дека со доаѓањето на Кристофер Колумбо започнало повеќевековното насилство и истребување на домородните народи на Америка.

Полицијата го оквалификува настанот како „неред” и ги повика луѓето да се разотидат, но интервенираше дури после еден час откако падна првата статуа, јави весникот „Орегонијан”.

Абрахам Линколн е 16-ти претседател на САД (од 1861 до 1865 година), бил убиен во атентат откако го укинал робовладетелството во САД. Рузвелт бил 26-ти претседател и владеел од 1901 до 1909 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот