Демонстрантите го спречија Мускат да го напушти Парламентот – Слободен печат
ВестиПланета

Демонстрантите го спречија Мускат да го напушти Парламентот

Мускат претходно најави дека ќе поднесе оставка на 18 јануари откако неговата Лабуристичка партија ќе избере нов лидер.

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат денеска беше спречен да го напушти Парламентот поради демонстрантите кои бараат негова итна оставка.

Мускат претходно најави дека ќе поднесе оставка на 18 јануари откако неговата Лабуристичка партија ќе избере нов лидер.

Премиерот на Малта е под силен притисок да поднесе оставка откако шефот на неговиот кабинет беше обвинет за вмешаност во убиството на новинарката Дафне Карун-Галиција.

Каруана-Галиција беше убиена со бомба поставена под нејзиниот автомобил во 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close