Дејвис пред мечот со Нексе: Сега сите веруваат повеќе во системот

РК Вардар в петок го очекува нов дуел против Нексе во СЕХА Газпром лигата/Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Во средата играчите на Давид Дејвис блескаа во новиот натпревар од Лигата на шампионите триумфирајќи во Франција над Монпелје.

Нема многу време за одмор бидејќи веќе в петок составот на Вардар 1961 го очекува меч во СЕХА Газпром лигата.

Скопските „црвено-црни“ ја започнаа сезоната во регионалното натпреварување со пораз од Нексе и победа над Војводина.

Вардарци отпатуваа во Хрватска каде што утре со почеток од 20.00 часот ќе ги одмерат силите против Нексе во Нашице.

Давид Дејвис – тренер на Вардар 1961:

– Очекувам да биде тежок меч во Нашице. Игравме пред еден ден со Монпелје во Лига на шампионите, имаме долг пат за да стигнеме од Франција до Нашице. Секако ни треба малку време и за одмор. Игравме тежок и емоционален меч, и со притисок. Морам прво да видам која ќе биде најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје. Но, тие имаа доволно време за одмор и подготвовка. Ќе видам како ќе функционира екипата.

Победата против Монпелје беше добра за тимот, екипата, за сите. Сега сите веруваат повеќе во системот. Ќе направиме најдобро што можеме. Мораме да играме со тактичка дисциплина, и да гледаме да одиграме најдобро.

Мартин Карапалевски – играч на Вардар 1961:

– Нексе е одличен тим кој игра цврста одбрана и гостувањето ќе биде многу тешко имаме малку време да се спремиме и да ги корегиране грешките од Скопје но секако одиме на победа. Игравме тежок меч во Франција и мораме да продолжиме да играме на високо ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот